Маските за лице се најдоброто средство за експресна нега на кожата и целосно нејзино обновување. Постојат маски буквално за сечиј вкус: Навлажнувачки, потхранувачки, подмладувачки, прочистувачки итн.

Но, летото е совршеното време за практикување маски за лице од домашни состојки. Истите може да ги приготвувате буквално секој ден, а за возврат да добиете извонреден ефект.

Најважно е да обратите внимание кои состојки ги мешате.

Денес ќе ви откриеме како да си направите домашна маска за лице со ефект на хидратација, разладувачки ефект, за затегнување и изедначување на тенот на лицето, со само 2 чудесни состојки.

Маска од краставици

Краставицата уште од одамна утврден ефикасен чистач на лимфната жлезда и неверојатно тонирачко и навлажнувачко средство за кожата. Така, таа влегува во составот на бројни козметички производи, бидејќи има чудесна способност во смирување на иритираната кожа и помага во избелувањето на истата.

Овој зеленчук во комбинација со куркумата прави вистински чуда!

Куркумата е моќна состојка, која на одличен начин го поттикнува подмладувањето на кожата. Таа е одличен антиоксидант, како и антивоспалително средство за состојбата на лицето.

Од таквата фантастична комбинација, кожата ќе би биде хидратирана, свежа и еластична. За подготовка на маската, потребно е да направите смеса од половина краставица и 1/2 лажица куркума.

Добро измешајте ги состојките во блендер. Исчистете ја вашата кожа и нанесете ја маската, притоа оставајќи ја да отстои 15-20 минути. Отстранете ја маската со ладна вода. Доколку вашата кожа е повеќе сува, се препорачува по миењето на смесата, да нанесете хидратантна крема.

Воедно, имајте во предвид дека куркумата има бојадисувачки својства, па пред употреба на маската заштитете ја вашата облека. Од истата причина, подобро е нанесувањето на маската да се практикува пред спиење, за да можете поефикасно да го отстраните жолтиот остаток, следното утро.

Оваа домашна маска ќе ви овозможи лесно изедначување на вашиот тен на лицето и телото. Употребувајте ја маската до 3 пати неделно, а веќе по 1 месец употреба, вашата кожа ќе биде поеластична, чиста и неверојатно свежа. Ефектот е видлив веднаш по првата употреба, бидејќи кожата ќе блеска од енергија и ќе биде многу мека.