Оцетот не е само популарна, туку состојка која е многу корисна за нашето здравје. Благодарение на неговите киселини и минерали, овој производ е одличен кога станува збор за нега на косата.

Зошто треба да додадеме оцет во шампонот?

  • Длабоко го прочистува скалпот од наталожени масни наслаги и остатоци од козметичките производи.
  • Го запира косопадот и ја стимулира косата да расте, воедно го штити скалпот од бактерии и го одржува неговото ниво на pH вредност.
  • Додава волумен, блескавост и мекост на косата
  • Го елиминира прекумерениот првут и го ублажува постојаното чешање, со тоа што го намалува воспалението и ги отстранува можните фактори кои ги предизвикуваат овие појави, како што се бактериите.
  • Ја заштитува бојата на косата.

Како да го употребите оцетот за вашата коса?

Покрај додавањето во шампонот, оцетот може да го употребите и на следниот ефикасен начин. Во спреј – шише измешајте 1/3 шолја јаболков оцет и 1 литар вода. Добро измешајте ги состојките, со протресување на шишето.

Добиената смеса складирајте ја во бањата и користете ја при секое миење, односн по нанесувањето на шампонот, смесата со оцет може да ви послужи како балсам за коса.