Доколку одгледувате мушкатла на балконот, најверојано досега веќе сте се обиделе со бројни методи, за да го поттикнете да цвета обилно, а да не се развиваат само листовите.

За да вашата мушкатлка буквално блесне од раскошни цветови, обидете се да го негувате растението со овој домашен стимулант, односно домашен раствор кој врши подобра и поефикасна работа од сите скапи средства за поттикнување на цветањето.

Доколку го потхранувате цветот, неговото цветање може да се продолжи на подолг временски период, дури со месеци. Самото растение ќе стане посилно, помоќно  нема лесно да се разболува. Средството е супер евтино, а се приготвува многу едноставно

Домашен стимлулант за цветање

Потребни состојки

  • 7 литри вода
  • 100 гр свеж квасец
  • ½ шолја шеќер

Начин на подготовка

Во сад од 3 литри, додадете 2.6-2.7 литри дестилирана вода без хлор. Растворете го квасецот во малку топла вода, а откако потоа така растворен додадете го во садот и на крај додадете го и шеќерот. Добро измешајте ги состојките и затворете го садот.

Потребно е истиот да се складира во просторија при која воздухот е топол. Од време на време, промешувајте ги состојките, за подобро соединување на текстурата.

Откако ферментирањето на растворот ќе заврши, може да го користите кога и да посакате.

При употребата се препорачува да разредите 1 чаша од растворот во 10 литри вода и со таа смеса да ја полевата мушкатлата- со 1 чаша на секои 2 недели.

Ефикасниот домашен раствор без проблем може да го користите и за останатите ваши домашни билки, како и доколку имате зеленчукова градина. Резултатите нема да ве изневерат!