Мошне често, кога се враќате дома, првиот кој ве пречекува е Вашето куче: испушта звуци и Ве лиже, се обидува да ви угоди. Сте се запрашале ли зошто го прави тоа? Бидејќи не може да зборува! Но, во реалноста, значи многу повеќе.

Еве седум причини зошто кучињата Ве лижат

1. Демонстрација на приврзаност

Кучињата се животни кои ја покажуваат својата љубов кон Вас на различни начини, најчесто преку лижење. Кога кучињата Ве лижат, нивните мозоци ослободуваат ендрофин кој ги смирува. Љубов – главната причина поради која тие Ве лижат.

2. Начин на комуникација

Кога кучињата лаат и се вртат тие комуницираат со Вас. Се обидуваат да Ви кажат дека сакаат нешто. Можеби храна, вода или прошетка. Во секој случај, треба да научите како да го толкувате нивното однесување.

3. Бараат внимание

Кучињата сакаат да бидат сакани. Тие се жедни да бидат згрижени, како децата, и ќе се обидат на многу начини да го привлечат Вашето внимание.

4. Покажуваат послушност

Кај сите животни кои живеат во групи, лижењето е гест на смиреност во однос на доминантните елементи. Тоа е начин да Ви покажат дека Вие сте шефот!

5. Истражување

Кучињата го користат својот нос и јазик, за да изучуваат предмети и луѓе. Луѓето го препознаваат светот преку сетилата, додека кучињата го користат сетилото за вкус, за да ги препознаваат работите околу нив.

6. Дегустација

Исто како што луѓето ги идентификуваат кучиња по мирис, тие можат лесно да Ве препознаваат по вкусот. Тоа го прават преку лижење на кожата, која произведува сол од порите, кога се потите. Ако му се допадне вкусот на кожата на домаќинот, тоа станува навика.

7. Моќта на навиката

Ако човекот му дозволува на кучето да го лиже, тогаш се разбира тоа станува навика. Ако сепак, човекот го казнува кучето по лижењето, многу наскоро кучето ќе разбере дека луѓето не го сакаат тоа и брзо ќе престанат.