Златното млеко е народен лек кој е корисен за повеќе делови од нашето тело. Тој е корисен за ’рбетот и коските воопшто, како и за дебело црево, нервен систем и коскено ткиво. Златното млеко се подготвува во два чекора.

Првин потребни ви се 40-50 г куркума и 100-150 мл вода. Во куркумата додадете вода, промешајте и ставете на оган да зоврие. Гответе околу 7-8 минути додека да згусне. Постојано мешајте. Ако мешавината е премногу густа, разредете ја со малку вода. Смесата треба да личи на густ јогурт.

Потоа потребни ви се 250 мл млеко, 2 лажици (40 мл) сирово нерафинирано бадемово масло (по желба) и мед по вкус. Млекото нека зоврие и во него додадете бадемово масло. Тргнете го од оган и ставете во шолја. Додадете 1 лажичка од претходно приготвената паста. Засладете со мед.

Златното млеко се препорачува да се пие на празен стомак, пожелно е наутро и пред спиење. Се пие 40 дена, односно двапати годишно, по 40 денови.