Жената која била наречена „фантомскиот оплакувач“ одела по погреби кај непознати луѓе веќе 14 години, во црквата „Свето покајание“ во САД. Свештеникот од црквата вели дека жената му кажала дека чувствува потреба да оди на секој погреб и дека така ќе продолжи, а тој самиот забележал дека веднаш штом погребот ќе заврши таа била меѓу првите кои се гостеле од масата со храна.

Маргарет Витхед била згрозена кога забележала дека жената „упаднала“ на погребот на нејзината ќерка која починала на 42 години. Маргарет вели дека жената дури успеала да го убеди нејзиниот син да и обезбеди превоз. Таа мислела дека „фантомскиот оплакувач“ е колешка на нејзината ќерка од работа. „Таа јадеше од јадењето на масата како да не постоеше утре.“, вели Маргарет.

На крајот од погребот жената ја наполнила нејзината кошница со храна и си ја однела дома. Иако жената му кажала на свештеникот дека сака да доаѓа често во црквата поради религиозни причини, никој не ја оправдува нејзината, неоправдана посета на погреби. Идентитетот на жената уште не е познат, но целата локална заедница планира да се соочи со жената и нејзината непријатна навика.