Дали некогаш сте се запрашале како е да се почестите оброк од 600 долари во еден од најдобрите ресторани во светот? Додека јасно не постои замена за вистинската работа (клучните чувства на вкус и мирис не можат да се реплицираат преку интернет … се уште), корисник на Imgur Hoptail ни овозможи да „јадеме“ преку нејзините графички описи и фотографии од ресторан во Сан Франциско. Многу корисници на Imgur ја критикувале затоа што троши толку голема сума на пари за „глупости“, а таа им порачала дека има право да ги троши парите на што сака и дека ако сакаат тие можат да одат во сендвичара и нема ништо лошо во тоа. Еве што добила како оброк за едно лице девојката во ресторанот Saison, заедно со нејзиниот опис за јадењето. Од чаден сладолед, до антилопа и чоколадо со прелив од злато. Погледнете сами.

„Најнебесниот чај што некогаш сум го пробала во мојот живот. Ела, ајдучка трева, камилица, маточина, анасон и исоп сите земени свежо од фармата на ресторан и ставени во топла вода со лимон.“

„Следно, млад спанаќ, печено месо готвено во прочистен путер и на врвот кавијар.“

„Турбот риба – 2 начини. Сашими беше неверојатно. Втората подготовка беше на скара со лесна соја глазура.“

„Geoduck (мекотел). Искрено, тоа не беше толку добро.“

„Ова беше моето омилено јадење. Свеж морски еж на леб на скара со сос направен од корките на лебот. Тоа беше супер кремасто.“

„Ова бело е прочистен путер. А под него има нешто како ротквица и коцки од маринирана ротквица.“

„Ова е печена тиква на 3 начини“

„Ова е антилопа.“

„Ова е чаден сладолед. Не ме прашувајте за науката за тоа како некој пуши сладолед. Дојде со неверојатна солена карамела.“

„Матен портокал“

„Шербет од боровинки на боровинки подготвени со бренди. На врвот уште бренди. Добро ако сакате бренди. Јас не сакам.“

„Сајсон ‘Сникерс’ бар. Ова е ставка од менито што доаѓа ако се спријателите со вистинскиот келнер. Некој вид темна чоколада и полнето со ореви, солена карамела во центарот и на врвот обвиткано со 24 каратно злато.“