Луѓето од Кенија се трогнати од приказната за Патрик Хинга, човекот кој бил целосно изгубен, бездомник и зависник од дрога, се додека не се сретнал со неговата поранешна соученичка Вања Мвара, која му помогнала да направи целосна трансформација на неговиот живот.

Патрик имал големи проблеми со дрогата во текот на неговиот живот почнувајќи со марихуана уште во училишнте денови. Неговата мајка го носела по болници, но тој постојано бегал од нив. Тој тврдел дека бега од болниците затоа што го третирале на ист начин како и ментално болните пациенти и му ги давале истите лекови. Во болницата станал зависник од дрога наречена Атаин која не требал да ја користи на дневна база, но успеал да украде рецепта и истата ја купувал од аптека.

Кога сите се откажале од него Патрик лутал по улиците на Наироби и земал секаков вид на дрога, која што ќе можел да ја најде. Тогаш еден ден на улицата го сретнала Вања, негова поранешна ријателка и соученичка, која изразила желба да му помогне да се опорави во животот. Таа го пријавила во клиника за рехабилитација, собрала донации за негово лекување и му помогнала да започне свој бизнис.

Трансформацијата на Патрик е неверојатна и сега тој е нов човек, кој ретко можат да го препознаат на улица. Тој е среќен што добил втора шанса во животот и бескрајно и е благодарен на Вања што му го овозможила ова.