Авантуристички расположениот мачор Сајмон сака да патува и најмногу од сѐ сака да го прави тоа заедно со неговиот сопственик. Тие одат заедно на епски авантури, пешачат, се качуваат по карпи па дури и кајакарат. Неговиот сопственик Џ.Џ Још живее заедно со црниот мачор Сајмон во Колорадо. Тој го посвоил мачорот пред две години и оттогаш патуваат заедно низ копно и вода – со Симон нормално сместен во неговиот ранец.