Воената диета е краткорочен план за исхрана, кој тврди дека ќе ви помогне да изгубите до 5 килограми за многу краток временски период. Едно од најатрактивните правила на оваа диета е тоа што трае само 3 дена. Втора позитивна карактеристика е што оваа диета е многу лесна за следење, не бара изгладнување и скапи намирници. Според тврдењата од диетата се ослабнува затоа што таа го забрзува метаболизмот. Еве што вклучува диетата:

Прв ден

  • Појадок: чаша топла пијалак (кафе или чај), едно парче тост (интегрално е подобаро), 2 супени лажици путер од кикирики, половина грејпфрут.
  • Ручек: чаша топла пијалак (кафе или чај), парче тост, половина чаша туна.
  • Вечера: околу 85 грама месо (варено во врела вода или на пареа), една чаша зелен грав, половина банана, едно мало јаболко, а можете да се почестите е со една чаша сладолед од ванила (ми се допаѓа оваа диета! ).

Втор ден

  • Појадок: едно парче тост (интегрално е подобро), едено тврдо варено јајца, половина банана.
  • Ручек: уште еден тврдо варено јајце, една чаша урда.
  • Вечера: 2 виршли (станува уште поинтензивно!) без леб, половина чаша моркови, чаша брокула, половина банана која можете да ја покриете со 1/2 чаша сладолед од ванила (го заслужувате тоа !)

Трет Ден

  • Појадок: парче сирење и едно мало јаболко.
  • Ручек: парче тост (интегрален), едно јајце (лесен ручек).
  • Вечера: чаша туна и вашиот омилен дел од вечерата – половина банана со цела чаша сладолед од ванила.