Ники Егзотика од САД, потрошил 1 милион доалри за да изгледа како куклата Барби. 35- годишниот маж (сега жена) почнал да се облекува како женско уште од најрана возраст. Поради тоа бил често малтретиран и повредуван на училиште. Кога наполнил 19 години веќе го сменил полот, имал три пластични операции на носот, две операции на градите и операција за отстранување на Адамовото јаболко.

Егзотика до сега има порошено и повеќе од милион долари за пластична хирургија и изјавил/ла дека има желба, сега кога изгледа како Барби да запознае маж кој ќе ја дели истата страст за пластични операции и наликува на Кен. Ники исто така е родител на три посвоени момчиња. Тој вели дека ужива кога случајни минувачи на улица му велат дека многу наликува на барбика.

Ники уште од мал ја идолизирал Барби и Мадона и сметал дека е роден во погрешно тело. Во тинејџерските години ги открил геј баровите и почнал да се трансформира во жена. Ники најмногу го чинеле трошоците за анестезија, патување и сместување во хотел за време на операциите и тоа поточно 250.000 долари. „Најевтината“ постапка била за зголемување на усните и таа чинела околу 3.000 долари. Ники во период од 15 години имал над 50 операции, од кои некои биле извршувани и по неколку пати. Ники сега настапува во првата музичка група составена само од трансексуалци и планира да продолжи со својата преобразба.