39-годишен маж одлучил целосно да го промени својот живот за да стане подобар татко и сопруг на неговото семејство. За само шест месеци, неговата решителност и напорна работа веќе постигнаа резултати толку неверојатни, што неговото семејство едвај го препознава.

Во август Џеремаја Питерсон, заминал на патување во планинско езеро со своите деца. „Наместо да се сеќавам на сите добрите спомени што ги направивме на ова патување, сè што можам да се сетам е ова едно нешто што постојано се повторуваше во мојата глава“, напиша Џеремаја на неговиот Инстаграм. „Не можев да земам здив и цело време правев паузи пред моите 9, 7 и 6-годишни деца“.

Со комбинирање на строга диета и интензивна редовна вежба, човекот ја започнал својата трансформација. Тој половина година секој ден пешачел два часа и поминувал еден час во теретана. Џеремаја ја препишува заслугата на неговите деца затоа што го инспирирале да направи промени во неговиот животен стил и здравствени проблеми. „Тоа не го трансформира само вашето физичко јас, туку и начинот на кој размислувате и чувствувате, како и иднината што ја сакате за вашето семејство. Знам дека доколку јас можам да го направам тоа секој може.“, вели Џеремаја.