Таа нема потреба од скапи подароци.

Таа нема потреба да ја водиш во луксузни ресторани.

Таа нема потреба од огромни букети со рози.

Таа има потреба од Тебе.

Од вистинскиот Ти.

И најскапиот подарок не може да го надомести тоа што си бил до Неа кога и требаш.

И најлуксузниот ресторан не може да го замени тоа што вечерта не седиш на маса до Неа.

И најголемиот букет со рози не може да го замени скинатиот цвет во некој парк, додека се шетате заедно …

Таа нема потреба да надоместуваш.

Таа има потреба да и се посветиш.

Така, како што Таа се посветила на Тебе.

Таа има потреба да ја фатиш за рака и да им кажеш на сите дека си со Неа.

Таа има потреба да чуе дека сакаш иднината и сегашноста да ја минуваш со Неа.

Таа има потреба да почувствува дека си тука за Неа.

Таа не сака повеќе ветувања.

Не сака повеќе изговори.

Не сака повеќе одложувања.

Таа сака да живее, да сака, да биде со Тебе. Тука и сега.

Бидејќи почнува да разбира дека, ако сега не си подготвен, никогаш нема да бидеш подготвен.

Бидејќи почнува да се уморува.

Бидејќи почнува да очајува.

Затоа, ако навистина ја сакаш, земи ја.

Ако не, … Пушти ја.