Иако мислите дека луѓето ги забележуваат само брчките на лицето, тоа не е точно. Постојат многу причини поради кои луѓето изгледаат постари или пак помлади. Шминката е најдобриот пријател на секоја жена и со помош на овие совети ќе изгледате многу помлади.

1. Полни долни усни

Иако жените мислат дека доколку ги направат усните во форма на елипса ќе изгледаат помладо, сепак поради зголемената горна усна изгледаат постари. Затоа најдобро е само долната да се исцрта за да изгледа поголема.

2. Да се нагласи линијата ва веѓите

Без разлика дали се работи за хајлајтер или светла сенка за очи, нагласувањето на линијата на веѓите ќе му даде „затегнат“ изглед на лицето.

3. Високи јаболчници

Кога кожата старее ја губи еластичноста и формата и поради тоа многу жени изгледаат како воопшто да немаат јаболчници, затоа добро е секогаш да се нагласат.

4. Мали дупчиња на ушите

Поради носење на големи минѓуши со текот на годините дупките на ушите се зголемуваат и поради тоа жените изгледаат постаро. Иако постојат медицински решенија за да се надмине овој проблем, најдобро е да се избегнува тешкиот накит.

5. Природна боја на кожата

Брчките се поистакнати кога кожата е исончана.

6. „Нескротена“ коса

„Строгите“ фризури прават да изгледате премногу сериозно и постаро. Исто така косата која е „совршена“ ги истакнува сите линии на лицето и ги открива недостатоците.

7. Природна боја на косата

Бојата на косата треба да биде во природни нијанси, затоа што „вештачките“ нијанси можат да направат да изгледате постари.

8. Малку „диви“ веѓи

Веѓите не треба да изгледаат како совршени правоаголници. Наместо да ги цртате и прилепувате додадете им малку боја со сенка или молив и потоа исчеткајте ги.