Можеби несвесно сте колекционер на украсни салфетки, пакетчиња засладувачи, изгубени – најдени предмети, монети…  Ако се одлучите да продолжите со овие колекции тие можеби и ќе ве чинат пари, со оглед дека местата и ресурсите од каде можете да ги добиете предметите се ограничени.

Џоана започнала да собира камчиња на едно летување со семејството. Набрзо тоа и станало опсесија, па секаде барала камења со необични форми. Овие камења подоцна ги фарбала со акрилни бои, по што добила вистински ремек дела.

За ова хоби, не ви е потребен многу труд.  Излезете во дворот или во паркот во близина и можете да соберете многу разновидни камења. Потребни ви се различни големини и форми, а со нив можете да правите се што ќе ви падне на ум. Исчистете ги од крупни нечистотии и следува најинтересниот дел – бојадисувањето.