Оваа лесна и евтина крема може да ве спаси од хемороидите и бронхитисот.

За подготовка потребно е само едно јајце (варено, бидејќи ви е потребна само жолчката), 400 милилитри маслиново масло и 600гр. пчелин восок. Ставете маслиново масло на оган и потоа додадете го парчето восок и почекајте да се стопи. Кога ќе почне да врие, додадете ги жолчките. Штом смесата ќе почне да прави пена, отстранете ја од огнот.

Откако ќе се смири смесата, повторно вратете ја на огнот и мешајте се додека не добие темно-кафеава боја. Кога ќе се излади процедете ја со газа. Потоа се става во стаклен сад и добро се затвора. Во фрижидерот може да стои и до 10 месеци.

За воспаление на синусите – стопете малку од кремот и ставете една капка во носот. Смесата ефикасно ќе го прекине воспалението на синусите.

При бронхитис – Консумирајте по половина лажичка од мелемот три пати на ден пред јадење.

При изгореници, забоболка или рани – нанесете врз болното место. Со мелемот ќе ги обновите ноктите и ќе ги отстраните досадните хемороиди.