Не е лесно да се биде мајка. Многу задачи, обврски, страдања, акумулиран замор, но исто така многу среќа и радост од одгледувањето на децата.
Ви претставуваме 12 ситуации во кои сигурно ќе се пронајде секоја од Вас:

1. Не е важно како го пиете кафе: топло или ладно. Најважно е да успеете да го испиете …

2. Немате време да одите на фитнес, но секогаш носите патики. Неверојатно погодно е, нели?

3. Пет минути може да бидат цела вечност. Сето тоа зависи од тоа со што се занимаваат Вашите деца.

4. Постојат три нивоа на болка: лесна, силна и болката кога ќе стапнете на играчка.

5. Односот помеѓу креветот и исполнет сон кај Вас не се поклопува.

6. Како и да заспие детето, не смеете да го прекршите неговото спиење.

7. Научивте да го држите бебето во раце, за да можете паралелно да се храните, а понекогаш дури и да спиете. И тоа често Ве спасува …

8. Веќе ги знаете сите песни, херои и дијалози од омилените анимирани цртани филмови на детето.

9. Читањето на женските списанија сега значи читање само на статии за децата.

10. Времето поминато во бањата е свето! Никој не може да Ве вознемирува таму!

11. Единствената можна фризура за Вас е … коњска опашка.

12. Секогаш имате скриено, на безбедно место, кутија со Вашите омилени колачи.