Дали некогаш сте се запрашале што се случува со Вашето тело откако ќе испиете една лименка од омилениот газиран пијалок? „The Renegade Pharmacist“ воден од поранешен фармацевт од Велика Британија, Нирај Наик објаснува што се случува со телото на човекот во рок од еден час по консумирање на кока-кола, образложено во 7 точки.

1. Првите 10 минути: 10 мали лажички шеќер влегуваат во Вашиот систем (100 проценти повеќе од препорачаниот дневен внес). Фосфорната киселина го намалува вкусот и поради тоа не Ви се лоши од огромната сладост.

2. 20 минути: Шеќерот во крвта расте. Вашиот црн дроб реагира на ова така што шеќерот го претвора во масти.

3. 40 минути: Апсорпцијата на кофеинот е завршена. Зениците се шират, крвнит притисок се зголемува. Аденозинските рецептори во мозокот се блокираат со што се спречува поспаност.

4. 45 минути: Телото го зголемува производството на допамин, со што се стимулираат центрите за уживање во мозокот. На овој начин функционира и хероинот.

5. 60 минути: Фосфорната киселина ги врзува калциумот, магнезиумот и цинкот кои се преработуваат во цревата, со што се забрзува метаболизмот. Ова е предизвикано од преголемите дози на шеќер и вештачки засладувачи, кои исто така го зголемуваат уринарното исфрлање на калциум.

6. Повеќе од 60 минути: Доаѓаат на сила дијаретските својства на кофеинот, со што се зголемува уринирањето. Со тоа уште повеќе се исфрла калциумот, магнезиумот и цинкот, наместо да оди во коските. Исто така се исфрла и натриум, електролити и вода.

7. Повеќе од 60 минути: Водата која што се наоѓала во кока-колата е истрошена преку уринирање и телото се чувствува дехидрирано и има потреба од вода, или пак уште една лименка кока-кола.

Нирај Наик додека работел како фармацевт правел посебни „листи за шопинг“ за неговите пациенти кои имале одредени здравстени проблеми и тој секогаш ги забранувал газираните пијалоци. „Во многу случаи имаше драматични промени во нивното здравје. Ова ми покажа дека газираните пијалаци и шеќерот се големи проблеми поврзани со крвниот притисок, дијабетесот и срцевите заболувања. Потоа направив дополнително темелно истражување и закулучив дека многу лекари се согласуваат со мене.“, изјавил Наик.

Во врска со оваа истражување еден од портпаролите на Кока-Кола изјавил: „Луѓето уживаа да пијат Кока-Кола повеќе од 129 години. Како и сите безалкохолни пијалоци, сосема е безбедно да се пие и може да се ужива во неа како дел од урамнотежената исхрана и начин на живот. Обезбедуваме избор на Кока-Кола за да ги задоволиме потребите на различните потрошувачи, вклучувајќи ги и опциите со пониско ниво на шеќер, без шеќер и без кофеин“.