Косата може да каже многу работи за Вас. Фризурата и личните особини на човекот се меѓусебно поврзани.

Одберете го Вашиот тип на фризура и погледнете што тоа кажува за Вас.

1. Ти си романтична личност, отворена за нови знаење и искуства. Кај луѓето ги бараш само позитивните страни, затоа често се разочаруваш од другите. Оптимист во срцето и чист позитивец.

2. Ти си сигурна во себе, која не ја интересира и не ја повредува некомпетентна критика од други. Немаш потреба од голем број пријатели, но затоа во друштвото те сметаат за најверна другарка. Не прекинувај да ги исполнуваш со позитивна енергија другите.

3. На прв поглед се чини дека си многу горда. Но како може да се однесува човек кој брза да ги заврши сите зададени цели? Навикната си се да постигнуваш сама и не ти е потребна помош од другите.

4. За оние кои не те познаваат ти си борбена жена, а за твоите блиски – нежна. Секогаш си на страната на искреноста и поштеноста. Тебе не може никој да те излаже.

5. Ти си креативна личност со богат внатрешен свет. Досадната работа не е за тебе. Живееш за уметноста и креативноста.

6. Понекогаш ти смета сопствената отвореност, но ти си една од оние личности кои се секогаш подготвени да помогнат, дури и на непознати.

7. Ти си добар слушач и набљудувач. Внимателна за секоја ситница, тоа ти помага да бидеш лидер.

8. Многумина мислат дека помирна личност не може да се најде, но никако не треба да пробаат да те налутат. Тоа нема да биде добро. Едноставно, таков притисок на остроумност не може секој да издржи.

9. Добро развиена самодисциплина и самодоверба – тоа се твоите адути. Не си од оние кои прво мислат па потоа дејствуваат. Кај тебе е обратно. Сигурна си во се што ќе започнеш.

10. Ти си креативна личност, интелектуална и со големо чувство за убавина. Не поднесуваш лош вкус и се трудиш во твоето опкружување да има луѓе слични на тебе.

11. Дали си приметила дека често ти плачат на рамо? Смирена, добро воспитана, совесна – па како во тебе да немаат доверба?

12. Ти си добро организирана и независна, сакаш се да биде јасно и на свое место. Во се сакаш едноставност.

13. Ти си прав природен оптимист. Го цениш секој момент и не си спремна да го потрошиш животот на празно. Не е лесно да те налутат. Таква јака личност како тебе ретко се сретнува.

14. Твојата главна особина е практичност. Не те интересираат туѓите животи и озборувања. Не му треба тоа на човек како тебе, кој сигурно чекори низ животот.

15. Можеби сакаш да сонуваш и се будиш со креативност и мечти, но тоа не те спречува да направиш се што е внесено во списокот „морам да направам“.

16. Ти си мирна, а понекогаш и ладнокрвна. На таков отпорен карактер може само да му се подзавиди.