Има многу приказни за исчезнување на миленичиња и нивното наоѓање и враќање на нивните сопственици, но приказната за црниот лабрадор Аби е нешто уникатно и убаво.

Пред десет години, Дебра Суервелд, сопственичката на Аби, се играла во дворот со нејзините деца и нејзиното 1-годишно кутре, во Аполо Пенсилванија. Во еден момент кучето го снемало, а иако го барале насекаде не можеле да го најдат. Така Дебра и нејзините деца заклучиле дека аби најверојатно починала.

Но ова не е крајот на приказната. 10 години подоцна Аби се појавила на тремот на соседите, кои ја однеле во засолништето за кучиња. Таму преку чип кој и бил вграден уште кога била мало кутре било заклучено дека станува збор за Аби. Дебра била премногу изненадена кога добила повик дека треба да дојде да си го земе кучето. Таа вели дека ова што се случило е вистинско чудо.

Не се знае каде била Аби во изминатите 10 години, но најважно е дека сега повторно е со своите сакани.