Бидејќи секој ден консумираме преработена храна и немаме многу време и пари за да се посветиме на здравиот начин на живот, често се случува последиците да се чувствуваат во воздухот. Ако сакате веќе никогаш во животот да не мирисате на пот, ниту да се грижите дали имате лош здив пред важен состанок, пробајте го овој микс наутро.

Потребни состојки:

-2 јаболка
-5 листови свежа зелка
-1 сноп магдонос
-Сок од 1 лимон
-1 парче ѓумбир

Сите состојки исплакнете ги со ладна вода и ставете ги во блендер. Промешајте добро неколку минути и ставете го сокот во чаша. Напијте се секое утро на гладно или помеѓу оброците во текот на денот.