Пред 17 години пожарникарот Мајк Хугхес ја спасил Давниел Дејвидсон од пожар кој се случил во нивниот дом. Фотографијата која што тогаш се појавила во весниците ја трогнала целата заедница и Мајк бил херој. Со текот на годините преку социјалните мрежи Мајк и Давниел почнале да контактираат и станале добри пријатели. Сега поранешниот пожарникар дури и присуствувал на некои од спортските натпревари на Давниел. Затоа кога матурирала Давниел сметала дека е најдобро да го покани нејзиниот херој, на кој му го должи животот да присуствува на доделувањето на дипломите. Тие си ветиле еден на друг дека ќе останат во контакт иако таа ќе замине да студира за да стане ветеринар.