Еднаш прашале еден мудрец: „Добрината, љубовта и убавината, зарем не се доволни за да живееме чесно и правилно? Зошто има и такви нешта како сомнеж и критикување?“

Мудрецот одговорил: „За да созрее еден плод, се потребни сонце и вода. Кога сонцето премногу го грее плодот, тогаш тој се уништува. Ако го наводнуваме растението се вода според неговите потреби, водата ќе биде благодет за него, но ако му додаваме премногу вода, ќе се уништи. Тогаш истата благодет за ова растение ќе биде деструктивно оружје. Ако му ги давате на човекот само добрите работи, тој ќе заспие пред своите слабости и ќе стане несреќен. Доколку го критикувате во моментите кога греши, тогаш ќе му помогнете на човекот, а доколку секогаш го критикувате тогаш ќе му ја уништите самодовербата.“

Бидете внимателни со мотивот и тонот на гласот, бидејќи постои разлика помеѓу љубовта и осудата.