Експертите биле зачудени кога пронашле поларно мече, старо околу 9 месеци до реката Колума. Локален риболовец го хранел мечето со риби и му го дал името Умка. Умка сега ќе стане атракција во зоолошката градина „Орто доиду“ во Русија.

Вистинско чудо е како Умка успеала да преживее, со оглед на тоа дека е многу мала, а уште почудно е тоа што успеала да помине над 720 километри и да навлезе на територија на кафеавите мечки. Рибарите кои ја хранеле исто така ја фотографирале Умка која си пронашла нови пријатели, локалните кучиња. Мечето освен што се игра со кучињата исто така не се плаши и од луѓето.

Од спасувачката служба велат дека е чудно и возрасна мечка да залута толку далеку и тие не можат да објаснат како се случило малото мече да се најде на таа територија. Умка сега е згрижена и потврдено е дека е во добра здравствена состојба и има прилично голем апетит.