„Претпоставувам дека сите сме барем малку фасцинирани од смртта“, вели Виктор, автор на овие неверојатни дела. Виктор е од Трансилванија, Романија и почнал да резба черепи од мртви животни откако бил уапсен за поседување на дрога пред 4 години.

„Почнав да ги резбарам черепите затоа што одеднап морав да се откажам од повеќе супстанци а ова ми помагаше да го задржам здравиот разум и мислите да ми бидат средени.“, вели Виктор. Тој добил череп од дива свиња од неговиот пријател и тогаш не ни помислувал да започне со резбањето, туку само го чистел. Тој подоцна се учел и вежбал како правилно да ги резба черепите. Тој требал да избере помеѓу затворот и плаќање на казна и тој избрал да ја плати казната.

Виктор черепите ги купува од локалните фармери, а понекогаш и самиот ги наоѓа од животните кои што починале на патот. Виктор најчесто ги купува целосните черепи а потоа ги чисти и обработува. Неговата наредна цел е да резба не само череп, туку целосна конструкција на коњ. Дали сметате дека хобито на оваа момче е морбидно или пак интересен начин на прикажување нов вид уметност?