Невенот има повеќе лековити својства. Тој ја поттикнува циркулацијата, помага при лекување на гнојни рани и чирови, ги смирува воспалителните процеси на кожата, спречува појава на лузни, лекува изгореници особено од сончање, ја чисти масната и проблематична кожа, лекува габични заболувања на кожата а се употребува и при проблеми со проширени вени и хемороиди. Поради тој секогаш е корисно да го имате во Вашиот дом.

Се што Ви е потребно се цветови од невен и ладно цедено масло, во однос 1:1. Исечкајте ги ситно листовите и ставете ги во стаклена тегла, потоа прелијте ги со ладно цедено маслиново масло, затворете ја теглата и оставете на сончево и топло место да отстои 4-5 недели. Промешувајте повремено. По изминатиот период процедете ја смесата низ двојна газа и се чувајте во стаклено шише на темно и студено место.