Не залудно се вели: “Мажот е глава на семејството, но жената е вратот”. Таа е онаа која има способност да ја врти главата, како ќе посака. Ова се само неколку изреки кои жените ги користат за да го привлечат машкото внимание и секако да го остварат она што го наумиле.

„Не ме сакаш!”

Признајте дека и вие го кажувате ова! Секој пат кога жената сака да го убеди мажот да направи нешто го прави на начин како ќе му создаде грижа на совест. Таа секогаш  е несакана, отфрлена и запоставена жртва на која и треба љубов! И некако магично, во овој момент, како доказ за љубовта на мажот кон неа, тој дава согласност.

„Повратна психологија!”

Тоа е веќе добро познатата обратна психологија. Во оваа ситуација жената е смирена, со рамнодушен израз на лицето и со тивок тон на гласот вели: „Се е во ред, знаев дека нема да го направиш тоа. Нормално е да се плашиш, не треба да правиш ништо , сè е во ред”. А притоа мисли:  „Па, не е! Ништо не е во ред.”  Тогаш тој почнува да се чувствува дека ја разочарал. Егото му е загаснато и  за инает, ќе направи се што е потребно за да ви го докаже спротивното.

„Да бев маж, ќе го направев!”

Ова важи за жените кои сакаат да доминираат, но живеат според некои општоприфатени норми и негуваат  традиционални навики. Со овие зборови тие влијаат на машкото его и  го доведуваат до прашањето за машкоста. А тоа не е исклучено! Во овој момент мажот си мисли: „Зарем една обична жена може да биде толку храбра и силна?”

„Рече дека ќе го направиш!”

Ако навистина сте ветиле да направите нешто или барем сте спомнале, верувајте дека жената никогаш нема да го заборави тоа. Ќе го запечати во својот  мозокот и ќе си го добие токму во овој момент, кога најмалку се очекуваше. Неверојатно е како жените не можат да се сетат како да сменат гума, но кога станува збор за запомнување на најмалите ситници тие паметат сè! Тие знаат точно кога сте рекле, со кои зборови, па дури и со каква  интонација.