1. Ако се движите по инерција, значи се влечете надолу.

2. Ништо не е толку лесно како што изгледа.

3. Совет го нарекуваме она за кое се молиме, кога веќе го знаеме одговорот, но би сакале да не го знаеме.

4. Секогаш кога си се подготвил да правиш нешто, мора прво да завршиш нешто друго.

5. За да добиеш заем прво мора да докажеш дека немаш потреба од него.

6. Луѓето се трпеливи само кон она што не ги засега.

7. Доколку сакате да си создадете непријатели, обидете се да направите нешто.

8. Никогаш не расправајте се со будала, луѓето може да не ја забележат разликата.

9. Она што крупната слика ни го дава, ситната ни го одзема.

10. Тоа што ви треба секогаш ќе го најдете на последното место каде што барате.

11. Се трае подолго отколку што очекувате.

12. Секогаш мислите дека по другиот пат се стигнува побрзо.

13. Никогаш не поставувајте истовремено две прашања во писмо. Одговор ќе добиете само за она за кое не ве интересира многу, и нема да напишат ниту збор за другото.

14. Секое дејство за кое нема никакво логично објаснување, треба да се смета за “политика на компанијата”.

15. Не бидете незаменливи. Ако не можат да ве заменат, тогаш невозможно ќе е да ве унапредат.