38-годишниот Балачандран Кавунгалпарамбат патувал 160 километри за да се запознае со 14 годишно девојче. Тој имал намера да и ја „земе невиноста“, а исто така и пишувал дека „првпат е секогаш болно“. Но педофилот не знаел дека вусшност патува за да се сретне со „ловците на педофили“, групата Internet Interceptors, која што оди во живо на Фејсбук од нивните „средби“ и е гледана од над 130.000 луѓе на Фејсбук.

Иако праќал прилично експлицитни пораки на „девојчето“, оженетиот човек и татко, негирал дека средбата била од сексуална природа и тврдел дека само сакал да го однесе девојчето на ручек. Тој ја сменил неговата приказна кога луѓето ги прочитале на глас пораките кои ги пишувал на девојчето. Балачандран добил казна затвор од 15 месеци. Тој бил менаџер во Citibank во Лондон.

Освен затворска казна Балачандран ќе остане на листата за сексуални престапници, 10 години. Кога ловците побарале од него да го испразни ранецот внатре имало кондоми и парфем. Тој во пораките му посочувал на „девојчето“ дека немал „намера да го забремени“, исто така и напишал и дека „сака да пенетрира во неа“. Од „ловците на педофили“ велат дека ќе ја продолжат нивната мисија во пронаоѓање на што е можно повеќе вакви „луѓе“.