Поради брачен пар од Британија главниот бискуп на Родос ги забранил сите странски венчавки во нивните манастири. До оваа забрана дошло така што 27-годишниот Метју Лан и неговата, сега сопруга, Карли направиле фотографија на која се гледа како Карли „орално го задоволува“ Метју. Тие тврдат дека тоа е само шега, но Грците го сфатиле тоа како навреда за манастирот пред кој на тој начин „позираат“.

Горгос Елефтеру претседател на локалната заедница вели дека идни невести во солзи му се јавуваат затоа што мораат да ја откажат нивната венчавка на Родос. „Срам да им е на тие двајца и на штетата која што ја направија. Дали тие ќе го сторат истото во нивната татковина; пред британската капела, еврејски храм, муслиманска џамија? Тие би биле обезглавени од муслиманите!“, изјавил тој.

Метју вели дека тие не се надевале на ваква реакција за фотографијата и дека планирале да ја направат долг период пред свадбата. Сметале дека тоа е шега и дека ќе намеат голем број на луѓе, но не и дека фотографијата ќе стане вирална низ целиот свет.