“Малите деца и нивните големи кучиња” е фотографски проект на Енди Селиверстоф кој сака да ја покаже нераскинливата врска меѓу децата и нивните миленичиња.

“Јас многу ги сакам кучињата и доста од моите фотографии се посветени на овој животински вид. Секое куче има уникатен карактер и покрај тоа, на некој начин успеваме да најдеме заеднички црти кај секое куче со неговиот сопственик. Токму овој аспект се обидувам да го докажам во своите фотографии.“

Погледнете ги прекрасните фотографии од децата и нивните големи миленици.