Смесата од сода бикарбона и вода ја намалува болката при изгореници. Погледнете кои други лекови можат да Ви помогнат.

Млеко

Содржината на масти и протеини во млекото ги смирува изгорениците и помага за нивно заздравување. Натопете памук во млеко и ставете го како облога. Може да користите и ладен јогурт, кој ќе ја олади и потхрани кожата.

Црн чај

Неколку кеси црн чај ќе ги олеснат болките при изгореници барем привремено. Црниот чај содржи танинова киселина, која има способност да ја извлекува топлината од кожата како резултат на изгореници. На овој начин се намалува болката и црвенилото. Потопете во врела вода неколку кеси чај, потоа ставете ги во замрзнувач. Потоа може да ги примените врз кожата.

Пеперминт паста за заби

При изгореници од врела вода или на врел метален сад, шпорет, ставете го изгореното место под ладна вода. Потоа исушете и нанесете врз него пеперминт паста за заби.

Ванила екстракт

Секогаш имајте дома екстракт од ванила. Тој е идеално решение за лесните изгореници на кожата. Врз памук ставете неколку капки и приложете на заболеното место. Ќе почувствувате брзо олеснување на болката.

Витамини Ц и Е

Иако витаминот Ц го поврзуваме со настинките, тој може да ја смири кожата при изгореници. Витаминот Ц промовира заздравувањето на раните и производството на колаген.. Од друга страна витаминот Е е антиоксиданс кој помага за обновување и заштита на вашата кожа. За да ја подобрите состојбата на кожата земајте витамини како додаток во исхраната, а витаминот Е, исто така може да го нанесувате и на вашата кожа.

Кокосово масло

Ова масло содржи антибактериски масни киселини, кои помагаат за намалување на ризикот од понатамошни компликации предизвикани од горењето. Ставете на изгореното место малку од кокосовото масло и нежно масирајте.

Бел оцет

Белиот оцет содржи оцетна киселина, компонента на аспиринот, која може да помогне во олеснување на болката, чешањето и воспаление како резултат на горењето. Исто така има антисептични дејствија. Натопете памук со бел оцет и ставете го на заболеното место како облога за неколку минути. Ако оцетот е многу јак, може да го разредите со малку ладна вода.

Мед

Медот делува како природен антибиотик, кој помага да се спречи воспалението. Медот ги елиминира бактериите, ја храни кожата, лади и ја намалува болката.

Масло од лаванда

Француски хемичар ја открива исцелителната моќ на маслото од лаванда во почетокот на XX век. За да третирате изгореници на кожата, комбинирајте 1 лажичка од етеричното масло со 150 мл вода, по можност во шише со распрскувач. Протресете пред употреба и напрскајте ја кожата.

Овес

Со своите смирувачки својства, овесот е особено корисен при кожни изгореници. Сомелете мала количина овес и измешајте со вода или млеко. Ставете ја смесата на кожата околу 20 минути.