Повеќе нема потреба да ја фрлате кората од вкусните мандарини. Од нив можете да направите лек кој ќе Ви помогне при справување со кашлица и болести. Единствено што е потребно е да бидете сигурни дека мандарините се непрскани.

Потребно е да сомелете 50 грама кора од мандарина и ставете ја смесата во тегла. Потоа кората прелијте ја со една чаша вотка или пак 40% алкохол. Затворете ја добро теглата и оставете ја да отсвои на темно место една недела. Земајте по една лажичка од овој лек по јадење.

Мандарините содржат витамин Ц и има мала енергетска вредност, го подобрува варењето на храната, добри се за видот, а исто така се и добар антиоксиданс.