Етеричните масла одамна ја презедоа козметичката индустрија, но во последно време во светот се повеќе наоѓа место и во здравството. Ем поблиску до природата, ем доволно ефикасни за нас. Ви ги претставуваме придобивките од етеричното масло на Ајдучка трева.

Помага при рани

Кога маслото од ајдучка трева се нанесе на рана, тоа создава заштитен слој кој го спречува формирањето на сепса. Следниот пат кога ќе се пресечете, ставете врз болното место облога со неколку капки етерично масло од ајдучка трева.

Стомачни грчеви

Помага при абдоминални контракции, без разлика дали сте во “оние” денови од месецот или страдате од друго нерасположение.

Помага во варењето

Примајќи го ова етерично масло во пропишаните дози, може да Ви помогне со лошото варење, како и да се подобри здравствената состојба на Вашите црева.

Дејствува како диуретик

Задржувањето на вода во организмот го попречува слабеењето и исфрлањето на токсините од телото. Со помош на етерично масло од ајдучка трева тоа ќе биде лесно надминато.

При настинки

Маслото од ајдучка трева помага при настинки. Само неколку капки од него во чајот ќе му помогнат на респираторниот тракт за многу брзо време.

Лекува несоница

Ова етерично масло има смирувачки ефект врз мозокот, мускулите и нервите. Дури и оние кои страдаат од депресија и нестаболност во расположението, може да имаат корист од него.

Влијае на високиот крвен притисок

Со регулирана доза од ова масло ќе го намалите наглото покачување на крвниот притисок без да предизвикува несакани ефекти.

Против стрии

Ако нанесувате етерично масло од ајдучка трева врз стриите добиени од бременоста, или врз лузните од акни на лицето, за неколку недели ќе забележите речиси неверојатни резултати врз кожата.