Општо е прифатено дека припадничките од понежниот пол практикуваат да ги отстрануваат влакната од своето тело. Некои сметаат дека тоа се прави од хигиенски причини, некои од естетски. Но дали тоа се практикувало во историјата? Како тогаш жените вршеле популарно кажано, депилација или епилација.

Во каменото доба, мажите и жените имале подеднакви мислења, дека на главата нема потреба да има коса, па така тие ја бричеле главата со помош на овие алатки, од камен. Тоа најмногу го практикувале поради тоа што се плашеле дека долгата коса и влакна може да им претставува олеснителна околност на нивните непријатели, па во физичка пресметка да ги повлечат за косата.

 

 

Египетските жени и мажи исто така биле еднакви во одржувањето на негата на телото. Тие сметале дека треба да бидат отстранети сите влакна од нивното тело, а тоа претставувало еден начин со кој се покажувала убавината. Тие ги оставале единствено веѓите, непроменети. Во нивно време во суштина се создаваат некои од современите методи за отстранување на влакната, како креми, пасти, восоци и жилети.

 

Во времето на Античка Грција и Рим започнала популарната родова поделба за тоа што значи машка и женска убавина.  Така убавината кај мажите се покажувала со тоа што тие ги задржувале сите влакна на своето тело, а ги оставале да растат и влакната на брадата.  За разлика од нив, од жените се очекувало да бидат без влакна, нивните тела биле соголени. Некои од припадничките на благородната класа дури ги отстранувале и влакната на лицето.

 

Кралицата Елизабета I има поставено еден своевремен тренд, тоа е нанесување на маска на лицето и отстранување на влакната на надусниците и вишокот влакна на веѓите. Тоа било еден вид стандард за убавина на Викторијанските жени, иако за влакната на телото не се грижеле многу со оглед дека носеле долги и широки фустани.

 

 

Во 1700-тите и 1800-тите, започнуваат да се користат првите безбедносни жилети. Тие се користат од страна на машката популација, за отстранување на влакната на надусниците и брадата. Во овој период жените имале комплетна слобода, дали ќе ги задржат или ќе ги отстраната влакната од телото.

 

На почетокот на 20 век, во мода биле фустани со должина до колената и без ракави во горниот дел. Тоа за жените значело нова обврска, да ги негуваат пазувите и да ги отстрануваат влакната од тие места. Се појавиле реклами со кои се повикувало овој ” непристоен ” изглед да се промени и тоа било потреба на жените.  Подоцна во Втората Светска војна, се појавила нова суровина во индустријата за изработка на чорапи и доколенки, тоа е најлонот, кој ги прави популарните проѕирни хулахопки, оттаму и негата на нозете станала поригорозна, па жените редовно ги отстранувале влакната од нозете.

 

Во 1980-тите и 1990-тите стана популарно отстранувањето на влакната во интимните делови од женското тело. Покрај тоа, жените започнаа да ги отстрануваат и влакната од рацете и лицето, тоа до денес е пракса која сеуште се применува.