Месецот септември е време кога сите љубители на сезонско цвеќе треба да се откажат од нивната страст за време на зимата. Но, сепак постои начин уште малку да се порадувате на цветното шаренило и да си обезбедите материјал за наредната година Вашата градина повторно да заблеска.

Внимавајте на првите мразови и слана!

Во втората половина на септември паѓаат првите мразови и слана – бидете внимателни и внимавајте на временската прогноза. Пред првите мразови, чувајте го цвеќето на затворен балкон или затворена градина, тие нема да ги толерираат негативните температури. Пред да ги ставите на топло место, исчистете ги жолтите и оштетените лисја и измијте ги саксиите. Внесете ги цвеќињата во простории каде температурите не се пониски од 10-15 степени, бидејќи доколку е многу студено тоа ќе биде допонителен шок за растенијата.

Септември е месец во кој собираме семиња

Септември е месец кога ги собираме семињата од летните цвеќиња за пролетната сеидба следната година. Петунија, лобелија, газанија и многу други – соберете го семето, сушете го на весник и ставете ги во хартиени кеси на суво, ладно и темно место. Сега е време да го спремите цвеќето за зимување. Намалете со наводнувањето, ставете кафеаво ѓубриво и не ги уништувајте уште сега цвеќињата затоа што ќе можете да уживате во нивните прекрасни бои уште малку.