Летото крие ризици од дебелеење, калоричните искушенија се насекаде, а ако детето сака да седи пред телевизорот или компјутерот – се добива сериозен предуслов за дебелеење. Еве што треба да направите за да го спречите летното дебелеење кај децата.

Бидете за пример

Се разбира, најважното што треба да направите е самите да бидете за пример и да се храните здраво. Децата го впиваат секој ваш збор и го следат секое ваше дејство и учат од нив, еве зошто е важно да ги промените навиките, ако сметате дека не се доволно здрави. Почнете да пиете повеќе вода и јадете зеленчук секој ден. Купеното овошје треба да е пред нивните очи, а најдобро е овошјето да се сече, тоа сигурно ќе ги поттикне да земат од нив, а чоколадо скриете го по шкафовите – далеку од очите – далеку од умот.

Следете го правилото 1-2-3-4-5

Еве каков план препорачуваат експертите за детето: 1 час физичка активност; 2 часа гледање телевизија; 3 порции јогурт со ниска масленост; 4 чаши вода; 5 порции овошје и зеленчук секој ден. Оваа шема може да се следи цела година. Објаснете му на детето колку е важна здравата храна. Ако имате градина – соберете заедно овошје и зеленчук, раскажете му на детето за храната и колку корисна е природната храна, која доаѓа од земјата. Ако пак немате сопствена градина, одведете ги деца по малите пазарчиња за свежо овошје и зеленчук. Потоа заедно гответе.

Заборавете за шеќерот и направете си домашни десерти

Во лето има многу искушенија – најзастапени се сладоледите. Но, тие се полни со огромна количина шеќер. Наместо трошење пари за овие нездрави десерти, зошто не си направите ваши? Користете 100% природно овошно пире, домашно млеко и без додатоци на шеќер. Кога правите дома, имате целосна контрола врз состојките и сигурни сте дека конечно ќе се добие еден многу поздрав десерт (а и повкусен).

Утврдете го времето за спиење

Многу често во текот на летото децата не спијат доволно, бидејќи се стемнува подоцна, а тие се будат рано, а за попладневно спиење повеќето деца не сакаат и да слушнат. Најлесен начин да се справите со овој проблем е поголемата физичка активност – децата ќе се уморни навечер, ќе спијат поцврсто до утрото. Според едно истражување децата и возрасните кои спијат помалку од потребните часови за нивната возраст, се соочуваат со поголем ризик од дебелеење, па сонот не треба да се занемарува. Здравствените организации препорачуваат 11-13 часа спиење за децата до 3-годишна возраст, 10-12 часа за ученици и околу 9 часа спиење за тинејџерите.

Наградете го за активноста

Пројавете креативност и ќе успеете да го стимулирате вашето дете. Треба да ја откриете рамнотежата помеѓу активните активности и мрзливите задоволства. На пример, ако си ја исчисти собата – можете да го наградите со еден филм по негов избор или со повеќе време на компјутерот. Треба да ги комбинирате обврските со задоволството.