Овен

Не сомневајте се во себе – Вие секогаш го давате најдоброто од себе! Некој може да се потсмева на Вашата работа или карактер. Не земајте го тоа премногу лично, можеби тоа е нивниот начин да покаже дека му се допаѓате и дека ги цени Вашите квалитети.

Бик

Денес е ден за учење, дружење и споделување на вести. Ако имате нешто за кое се прашувате или сакате да дознаете нешто повеќе, брзо и лесно ќе го најдете вистинскиот извор на информации. Разговарајте, прашувајте и споделувајте ги со околните Вашите мисли – ќе најдете истомисленици или добри учители. Не откажувајте се, дури и да не го откриете веднаш тоа што го сакате.

Близнаци

Денес е ден во кој не треба да донесувате избрзани одлуки. Ако можете да ги одложите за друг ден, резултатите ќе бидат многу подобри. Особено внимание обрнете на финансиските проблеми. Денес може да имате непредвидени трошоци или да Ве потсетат на старите долгови, кои ќе влијаат на Вашата идна финансиска состојба. Пред да преземете било што, побарајте помош или совет.

Рак

Драги Ракови, ѕвездите денес имаат една добра вест и една лоша вест. Добрата е дека сè на крајот ќе заврши како што сте посакувале. Лошата е дека патот до остварување на целта ќе биде покриен со бодликави грмушки и пречки. Воздржете се од емоции денес. Издржливоста и смиреноста се клучот за успех.

Лав

Не претерувајте со вежбите по самоконтрола и самодовербата. Вие сакате да изгледате стабилни пред другите и понекогаш заборавате дека сте човек кој чувствува како сите останати. Оваа Ваша воздржаност може да наштети на Вашата врска со најблиската личност или некој пријател. Можно е да ги оттргнете луѓето околу Вас со Вашиот студен однос. Уживајте во чувствата!

Девица

Не е се така како што го изгледа, но реално нема за што да се жалите. Денес ѝ покрај малите пречки, Вие лесно ќе се справите со проблеми, брзо ќе ги решавате задачите и како целина денот ќе биде успешен и весел. Зачувајте го убавото расположение до вечерта, а после работа Ве следува заслужен одмор.

Вага

Во текот на целиот ден ќе се радувате на доброто расположение и позитивниот поглед на животот. Енергичноста и доброто расположение, ќе ја разбуди во Вас жедта за движење, патување, трудољубивост и собирање нови знаења. Некакви вести од далеку за патување, одмор или образовна програма може да Ви дадат поттик за размислување во овој ден.

Шкорпија

Може да ја прекинете работата пред пладне од причини кои не зависат од Вас. Не лутете се непотребно, обидете се да се концентрирате и да најдете начин да ги земете работите во свои раце. Вашите професионални квалитети се најдоброто од Вас, што може да се земе во моментов. Не барајте помош од пријатели и познаници, тие нема да се во состојба да Ви помогнат.

Стрелец

Денес ништо не е така какво што изгледа. Некој со многу убава надворешност може многу да Ве навреди. Не брзајте да носите заклучоци само по корицата. Доверете се на интуицијата, на сопствените искуства и ставови и ќе се заштитите од непријатни ситуации и конфликти. На работното место денот ќе биде успешен. Попладневните часови се посоодветни за бизнис состаноци и договори.

Јарец

Технологијата не е на Ваша страна. Може да имате проблеми со интернет конекција, компјутер или смартфонот. Не паничете, уживајте во отцепувањето од дигиталниот свет. Во првата половина од денот може да откажете некој од плановите. Ѕвездите советуваат да не барате помош од пријателите. Нема да се во можност да Ви помогнат.

Водолија

Денес социјалниот живот ќе е исклучително активен. Средби со пријателите, вести од блиски во странство, учење и дружење со луѓето околу Вас е сè што Ве интересира во овој ден. Можно е некој од блиските пријатели да не се чувствува емоционално добро. Подобро оставете го да го надмине тоа сам. Денес интуиција не е на Ваша страна и може да се најдете во непријатна ситуација.

Риби

Денес треба да бидете поактивни. Тоа не значи да се оптоварувате прекумерно со вежбање. Умот денес Ви работи исклучително активно и со леснотија апсорбира нови знаења. Од друга страна, ѕвездите предупредуваат да се пазите од сомнителни предлози и луѓе со нечисти мисли. Сепак денот ќе биде прекрасен.