Истражувачи од Англија направиле студија според која заклучиле дека овие 3 хороскопски знаци остануваат во романтична врска повеќе од 5 години. Главните критериуми според кои бил донесен заклучокот било времетраењето на врската, семејниот третман и заедничкиот живот. Претставници на сите хороскопски знаци одговарале на прашања поврзани со овие теми и по обработката на резултатите, биле идентификувани три знаци, чии љубовни врски се долги и кои најлесно го прифаќаат предлогот за брак од партнерот.

Риби

Рибите се најверните партнери во зодијакот. Дури и кога не се целосно задоволни од врската даваат се од себе за да се справат со проблемите. Честопати рибите се обвинувани за пасивност, а ова, иако е малку точно, не ја опишува целосно нивната суштина. Рибите многу сакаат деца и сонуваат да основаат семејство. Ова е исто така знак дека најмалку се залага за кариера, и нивните амбиции во професијата се минимални. Во љубовта бараат емоционално посилен партнер и не им пречи да бидат водени.

Девица

Девиците, исто така, имаат тенденција да создаваат трајни врски. Овој знак сака да ја контролира насоката во која врската се движи. Но, кога станува збор за сериозна одлука, тие секогаш се консултираат со партнерот. Во љубовна врска тие бараат поддршка и доверба, а од друга страна тие даваат многу искреност и сигурност.

Јарец

Јарците се познати по нивниот горделив темперамент, но на нивните партнери можат да им понудат сигурност која ниту еден друг знак не може. Јарците се емотивни суштества, но многу тешко ги покажуваат своите чувства и затоа луѓето мислат дека се ладни личности. Во љубовни односи, тие ги ценат малите гестови на вниманието и романтиката.