Дали мислите дека е напорно да се грижите за Вашето семејство? Су и Ноел Радфорд неодамна го добија најмалиот член во семејството, Арчи, кој е воедно и нивното 20-то дете. Овие „вредни“ родители раскажуваат колку стрес можат да донесат толку деца.

Су раскажува дека „пеколот“ започнува во 8 часот наутро кога треба да се спремат за да тргнат на училиште. Тогаш таа мора да пронајде чиста маица за нејзината постара ќерка и да ги собере трошките кои ги направиле помалите деца. Но, сепак Су вели дека по 28 години поминати со големо семејство таа се навикната да живее во таков „хаос“. Сега кога пристигнал уште еден член на семејството 42-годишната мајка вели дека работите станале малку комплицирани.

„Постарите се расправаат кој да го пресоблече, што е нешто ново за мене, не знаев дека децата сакаат да прават такви работи. Тие можат да станат напорни кога доцнат на училиште, што признавам дека често се случува, особено тоа што одат во три различни училишта.“, вели Су.

За изненадување на родителите на малиот Арчи воопшто не му пречи вревата која ја креваат неговите постари браќа и сестри и успева мирно да спие. Су сама им подготвува ужинка на сите 10 деца кои одат на училиште. Таа вели дека понекогаш и самата се чуди како успева, но толку е внимателна што помни која облека на кое дете му припаѓа кога треба да ги однесе во нивните соби. Исто така патувањето до супермаркетот е малку проблематично затоа што секогаш со неа одам најмалку 3-4 деца, а намирниците кои треба да ги купат секогаш доаѓаат во големи количини.

Нивниот татко Ноел работи како пекар, најчесто трета смена и се враќа дома кога децата треба да заминат на училиште. Тој направил вазектомија откако се родило деветото бебе, но потоа решиле да имаат уште деца. Ноел исто така е прилично смирен за маж кој треба да работи за да одржи 20-члено семејство.

Кога им било поставено прашањето како функционираат кога се без децата и двајцата се согласиле дека тоа изгледа чудно, затоа што ниту еден нивен разговор не може да помине без да се спомене некое од децата.