Сите ја сакаме белата облека, но за жал таа лесно се валка и со текот на времето од снежно-бела добива излитена, сива или жолтеникава нијанса. Исто така може да се појават и кругови од потење. За да ја чувате облеката беспрекорно бела колку што е можно подолго, обидете се со овие едноставни методи.

Прв начин

Накиснете ја белата облека еден час, во топла вода во која ќе ставите 1-2 лажички борна киселина. Потоа измијте ги како обично. Наместо главната компонента, можете да користите бела глина. Но резултатот нема да биде толку импресивен.

Втор начин

Зовријте 14 литри вода. Истурете ја во два сада. Во едниот додадете неколку кристали калиум перманганат и оставете ги да се растворат. Во другиот – 10 грама прашок за перење. Измешајте ги двете течност и натопете ја облеката. Исплакнете темелно.