Без разлика на сезоната, ние секогаш треба да се грижиме за хидратацијата на нашите усни. Еве како можете да си приготвите овој меден балсам сами дома.

Потребни состојки:

  • 4 грама рендан пчелин восок
  • 20 г бадемово масло (може да се замени со маслиново масло, кајсија или друго течно масло, незадолжително)
  • ½ кафена лажичка мед
  • содржината на 2 капсули витамин Е
  • 2-3 капки етерично масло по избор (не е задолжително)

Начин на приготвување:

1. Во мал сад со помош на пареа стопете го пчелиниот восок(може да потрае и 20 минути)

2. Потоа додадете бадемово масло и добро промешајте.

3. Извадете го од огнот и брзо додадете го медот, витамин Е и етеричното масло.

4. Промешајте повторно до целосна хомогенизација на смесата и наполнете во соодветни кутии или тегли.

5. Ставете го готовиот балсам во фрижидерот 15-20 минути, така што ќе се зацврсне побргу.