Алопеција се однесува на губење на косата што се јавува како резултат кога имунолошкиот систем на луѓето по грешка ги напаѓа фоликулите на косата, предизвикувајќи косата да опаѓа. Тереза Хансон од Малме, Шведска, открила дека има алопеција на возраст од само 14 години. Таа била во најделикантите години од нејзиниот живот и била прилично чувствутелна и несигурна. Многу малку луѓе биле запознаени со проблемот на Тереза и таа секогаш носела перика.

Таа за прв пат се охрабрила да излезе без перика со помош на една нејзина пријателка, која исто така имала алопеција. Тие излегле на улица за прв пат да се прошетаат без нивните перики и како што вели Тереза, „почувствував олеснување и бев горда на себе.“ Откако ја оставила периката добила професионален договор да стане модел и пред неа има упсешна кариера. Тереза исто така работи и како медицинска сестра.

Тереза сега се надева дека ќе инспирира други девојки да не го кријат својот проблем и да бидат искрени со себе и со другите. „Немојте да се криете. Само ќе се чувствувате полошо. Ќе почувствувате олеснување и ќе можете да бидете свои. Секој кој не може да ве прифати како такви, не ви е потребен во животот.“