Мали позитивни промени во навиките може сериозно да влијаат врз должината на животот, сметаат научниците.

Во истражувањето, објавено во американското медицинско издание New England Journal of Medicine, се наведува дека здравата исхрана во текот на најмалку 12 години, ја намалува смртноста од кардиоваскуларни болести.

Научниците од Универзитетот Хардвард го анализирале односот меѓу промената во исхраната на 74 000 возрасни во текот на 12 години и ризикот за нив да починат од кардиоваскуларни заболувања. Истражувањето покажало дека подобрувањето на исхраната во текот на 12 години ја намалува смртноста во наредните 12 години.

Покрај исхраната, влијание за здравјето и вклучени во здравиот режим на исхрана, се цели зрна, овошје, зеленчук и риба или омега-3 масни киселини . Зајакнување со 20% на квалитетот на исхраната може да се постигне лесно само со замена на секојдневната порција црвено месо или колбаси со овошје или зеленчук.

Секојдневната исхрана со лош квалитет го зголемува ризикот од прерана смрт од 6 до 12%. Кај учесниците во испитувањето, кои продолжиле да го поддржуваат здравиот режим на исхрана, од 9% до 14% ја намалиле смртноста по секакви причини.