Секој родител сака да одгледа добро дете со кое да се гордее. Понекогаш се прашуваме дали го воспитуваме добро и дали правиме грешки. Еве некои совети:

1. Бидете трпеливи

Треба да подготвите вечера, да одговорите на неколку пораки, а на детето му е потребна Вашата помош, сето тоа во исто време. Сепак приоритет има семејството и пријателите, тоа е навистина важно. Всушност начинот на кој реагираме на детските емотивни потреби, им помага на децата да се чувствуваат ценети. И во иднина, голема е веројатноста повеќе да ги ценат другите.

2. Ставете ги децата во ситуации во кои тие треба да размислуваат прво за другите, а не за себе

Може да е еднаш во неделата или поретко, на пример да отстапат местото на повозрасен човек во автобус. Кога ќе направат нешто добро, зборувајте со нив и охрабрувајте ги да го споделат со вас тоа како им помогнале на другите и како се почувствувале во моментот. Ова ќе им помогне на децата да разберат како еден мал гест може да ги промени работите.

3. Но не ги наградувајте за тоа дека помогнале на други

Иако може да биде примамливо да им дадете материјална награда заради нивниот чин на добрина, тоа всушност доведува до друга цел. Децата треба секогаш да помагаат, а не само кога мислат дека ќе добијат нешто за возврат.

4. Помогнете им да зборуваат кога се чувствуваат незадоволни

Без разлика дали станува збор за кавга меѓу браќа и сестри, или со нивното пријателче во паркот, треба да имате отворен дијалог со детето за неговите чувства или за работите кои ги рекло во моментов на нервоза. Ова исто така е корисно за да може да ги разбере своите грешки и како треба да постапува во иднина.