Ајдучката трева е стеблесто растение кое расте во услови на континентална клима. Распространета е низ цела Европа, најмногу на суви и умерено влажни области, ливади, пасишта и шуми. Нејзините листови се берат до есен и познато е дека содржат многу лековити својства.  За време на цветањето, таа содржи 1% етерично масло, влавоноиди, витамин К, горчлива материја – ахилеин, смола и танини. Ајдучката трева цути од јуни до октомври.

Билката има специфична арома и горчлив вкус. Горчливиот вкус доаѓа од горчливата материја ахилеин. Оваа билка содржи и многу танини, провитамин А, витамин К, калиум, флавоноиди, инулин и етерско масло богато со пинен, цинеол и хамазулен. Колку е етерското масло побогато со хамазулен толку бојата му е поинтензивно сина. Хамазуленот е многу ценета состојка на скапите кремови и масла за сончање.

Во своите лековити својства таа помага при лекување на:

  • Главоболка и хронична мигрена
  • Настинка
  • Болки во коските и грбот
  • при киселина во желудникот
  • Хемороиди
  • Цисти на јајници
  • проблеми со крвотокот и циркулацијата
  • дишните патишта и белите дробови

 

Еден начин на употреба е чајот од ајдучка трева,  кој повторно ни го испрати  Весна Антонијевиќ од Скопје.

Направете сами: Домашна крема од невен

Направете сами: Чудотворен руски мелем

 

 

Потребно:

  • 30 цветови ајдучка треба
  • 800 гр. шеќер
  • 4 лимони
  • 3-4 пакетчиња лимонтус
  • 10л. вода

Во длабок сад се истураат 10 литри вода, се додаваат сите состојки, при што лимоните се рендаат цели. Се вари на умерена температура се додека не се добие темно кафена боја. Потоа се вади од оган, се остава да се излади и се прецедува.

Може да се конзумира по една чаша ладен чај наутро и навечер.