Потребни состојки:

  • 2 – 3 јајца
  • 4- 5 средни компири

Зачини: оригано, вегета, мелен бибер, сол по желба

Потребно време за подготовка: 1 час

Се лупат компирите и се сечат на кругови. Во меѓувреме еден длабок сад за пржење  со масло на оган. Кога маслото е доволно загреано ги додаваме компирите, се пржат додека не заруменат, како кога правиме помфрит. Настрана ги матиме јајцата. Пред да бидат готови компирите, ги прелеваме со смесата изматени јајца. Ги оставаме 5 – 10 минути да се пропржат и ги вадиме од оган.

Совет:  Додека е сеуште топло јадењето, можете да го попрскате со рендан кашкавал.