Фотографката Ван Јинг од Сингапур му направила бајковита фотосесија на парот, кој побарал од неа „необични фотогафии“ од свадбата. Парот сакал фотосесијата да изгледа како позната бајка Палчица и Јинг ги направила да изгледаат навистина неверојатно како „минијатурни младенци“. Од фотографии со вереничкиот прстен па се до ресторанот каде што се запознале.

Јинг вели: „И младоженецот и невестата беа навистина забавни луѓе со кои може да се работи. Нивниот ентузијазам донесе многу смеа за време на фотосесијата и помогнаа да се генерираат многу идеи за овие минијатурни фотографии. Резултатот беше едноставно задоволувачки и фотографиите апсолутно ги опишуваа, такви какви што се.“