Наоѓањето на вистинските симптоми може да ви помогне да ја добиете точната дијагноза за настинка или грип. И сето тоа преку бојата и вискозитетот на вашите мрсули тие можат да бидат проѕирни, лепливи, па дури и смрдливи. Доколку ги погледнете, можете да утврдите што не е во ред со вашето здравје и потоа да посетите лекар.

9. Проѕирен и течен.

Ако имате проѕирна и течна назална слуз, тоа значи дека сте здрави. Овој тип на слуз ви помага да се ослободите од загадувачите и прашината. Таа содржи протеини и антитела кои се борат против вируси и бактерии кои можат да влезат во вашите ноздри. Но понекогаш тоа може да биде знак за алергија, особено ако вашиот нос ве чеша и кивате.

8. Проѕирен и густ.

Овој тип на слуз (мрсул) се вели дека е знак на хронична алергија. Тој го измачува вашиот нос, а може да имате и надуени назални ткива.

7. Бел

Овој мрсул се појавува кога имате обична настинка – белата боја се должи на губење на влага во носот, што го прави слузот бел и „замаглен“ во боја.

6. Жолт

Подобро да се одморите и да пиете многу течности ако забележите дека бојата на вашите мрсули станала жолта. Тоа е дефинитивен знак на обичната настинка. Жолтата нијанса се должи на мртвите бели крвни клетки кои се борат против вирусот – тие влегуваат во вашата слуз откако ќе завршат со нивната примарна функција.

5. Зелен

Зелените мрсули се целосно ваш пријател во борбата против настинката. Тие се знак дека вашиот систем прави се од себе за да се ослободи од инфекцијата. Меѓутоа, ако симптомите траат подолго од 10 дена, посетете го докторот бидејќи тоа може да биде бактериска инфекција.

4. Розов или црвен

Розовата може да биде убава боја, но дефинитивно не е добар знак. Тоа или значи дека сте повредени (на пример, скршен нос) или сте го дувале носот премногу силно. Во секој случај, посетете го лекарот ако протокот на крв не застане по половина час или сте забележале дека има премногу. Исто така, ако детето доживее таква слуз веднаш посетете лекар.

3. Кафеав

Кафеав мрсул се појавува кога старата крв во вашиот систем се суши или ако сте вдишале нечистотија. Чистење на ноздрите со спреј со морска вода може да помогне во овој случај.

2. Скоро црн

Ако не пушите марихуана или цигари, а имате речиси црни мрсули, тоа може да значи габична инфекција во вашиот систем.

1. Леплив, смрдлив и со неколку бои.

Ваков мрсул е најверојатно знак за хроничен синузитис. Нестандардното отекување на ткивата на носот / грлото произведува премногу слуз, што резултира со ваков тип на слуз. Препорачливо е да посетите лекар ако антибиотици или други третмани за инфекции / вируси не функционираат.