Најголема среќа во животот е да се поминат деновите со нашите родители кои безусловно нѐ сакаат и се подготвени да направат сè за нас. Овие родители го посветуваат целиот свој живот на децата, ги заштитуваат ги сакаат и се грижат за нив. Кога родителите стареат, имаат потреба од нивните деца повеќе од кога било. Затоа, не земајте ја посветеноста здраво за готово, изразувајте ја Вашата благодарност секој ден и грижете се за нив. Никој не знае колку долго ќе остане со своите родители, па добро е да им ги кажете следните неколку реченици пред да биде предоцна:

  1. Ви благодарам за сè што сте направиле за мене, и бескрајно сум Ви благодарен!
  2. Дури и кога сум зафатен со работа и немам време за ништо, мислам за вас!
  3. За мене ме е јасно колку многу сте жртвувале за децата!
  4. Јас сум подобар човек, бидејќи имам двајца родители, како вас.
  5. Тоа што не живееме заедно, не ја менува мојата љубов кон вас.
  6. Јас постојано се плашам дека ќе ве изгубам и не сакам да размислувам за тоа каков ќе ми биде животот без вас.
  7. Никогаш нема да кажам „збогум“, но ќе кажам, „Ќе се видиме подоцна“.
  8. Ве сакам колку што не можете да си замислите!